| |

Промоција на одржливиот туризам

Сподели на:

За Македонија, „бисерот на Балканот“, одржливиот туризам е повеќе од тренд – тој е влог за нашата иднина. Знаејќи го тоа Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) ја реализираше идејата за создавање на Каталог за одржлив туризам каде се сместени најдобрите туристички понуди во нашата земја кои се дел од одржливиот туризам. Овој каталог е водич низ автентични искуства, каде што секоја дестинација е одбрана со мисла за зачувување на природата, поддршка на локалните заедници и почит кон богатото културно наследство.

Откријте ја Македонија од нова перспектива

Во каталог ќе најдете внимателно одбрани дестинации кои нудат незаборавни доживувања, истовремено придонесувајќи за одржлив развој. Без разлика дали сте љубител на природата, авантурист, или пак сакате да се потопите во историјата и културата, Македонија има што да понуди:

  • Еко-рурални домаќинства: Престојувајте во традиционални куќи, вкусете локална храна и запознајте се со животот на македонското село.
  • Активен туризам во заштитени подрачја: Истражете ги националните паркови Маврово, Пелистер и Галичица преку пешачење, велосипедизам или набљудување птици, со водичи кои го почитуваат екосистемот.
  • Културно наследство со одговорен пристап: Посетете ги античките локалитети, манастири и музеи, учествувајте во традиционални работилници и поддржете ги локалните занаетчии.

Зошто да изберете одржлив туризам во Македонија?

Има многу причини зошто треба да се избере туристичка понуда која е одржлива, а ние ќе спомнеме само неколку:

  • Зачувување на природата: Минимизирање на отпадот, користење обновливи извори на енергија и заштита на биодиверзитетот.
  • Економска поддршка за локалните заедници: Со секоја резервација, ги поддржувате малите бизниси, семејните пансиони и локалните производители.
  • Заштита на културното наследство: Помагате во зачувувањето на традицијата, обичаите и историските локалитети за идните генерации.

За повеќе информации посетете: https://ime.org.mk/mk/doma/

Видео:

Instagram: https://www.instagram.com/reel/DKZj74YMB8e/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=MzRlODBiNWFlZA==

Facebook: https://www.facebook.com/share/r/1EQ27btVv8/

YouTube:

Сподели на:

Слични Написи