Во Кратово ќе се одржат Златни денови

Старото народно име за месецот јули е златец и токму заради таа причина најпопуларната кратовска манифестација е наречена „Златни денови“. Кратовчани со нетрпение очекуваат во нивниот град да започнат „Златните денови“ во кои Кратово ќе прерасне во центар на дружењето, забавата и добрата песна. Манифестацијата годинава го слави својот 7-ми роденден, а годинешната програма содржи многу познати имиња кои се очекува да привлечат и многу други посетители од целата земја.
Од музичките ѕвезди ќе ја издвоиме Наташа Беквалац која за прв пат ќе пее во Кратово, а на сцената ќе настапат и Тајзи, Мартинијан Кириловски, Анета Љумаковска, Марјан Коцев, Тања Стефановска и уште многу други музички ѕвезди. Освен музичките настани посетителите ќе можат да проследат и улични перфомански, базари, а ќе има и голем број на други интересни содржини кои ќе му дадат дополнителен квалитет на оваа убава манифестација.
Видео:




