Репортажа за Златна бубамара на популарноста 2025

Сподели на:

Златната бубамара на популарноста е уникатен настан кој се очекува со нетрпение преку целата година. Оваа манифестација всушност е македонскиот „Оскар“ на кого се доделуваат награди на луѓето кои во изминатата година дале најголем придонес за македонската култура, традиција, музика и спорт. Организаторот на манифестацијата, „Радио Бубамара“ и Ранко Петровиќ и годинава успеаа да го организираат најдобриот шоу настан во Македонија.

Новинарската екипа на Информација.мк присуствуваше на „Златната бубамара“ и со цел да ви претстави дел од прекрасната атмосфера ви подготви кратки видео инсерти од настанот.

Награда за етно концерт – Ансамбл Стефче Стојковски

Награда за животно дело – Перо Христов.

Награда за трајни музички вредности – Дарио

Награда за поп концерт и пејачка на годината – Калиопи

Награда за спортска легенда – Илија Најдоски

Награда за рок концерт и рок група за 2024 година – група Меморија

Награда за животно дело – Муарем Сербезовски

Сподели на:

Слични Написи