|

Државното музичко училиште од Битола ќе настапи во Корча

Сподели на:

Државното музичко училиште – Битола во соработка со уметничкото училиште “Tefta Tashko Koço” – Корча, во Театар-Корча ќе реализира пријателски концерт кој претставува прв заеднички проект по потпишувањето на Меморандумот за пријателство и соработка помеѓу двете институции – документ кој ја зацврстува културната размена, меѓусебната поддршка и развојот на младите музички таленти од двата града.

На концертот ќе настапат ученици од Државното музичко училиште од Битола со богата и разновидна музичка програма, создавајќи уште една убава музичка приказна.

Сподели на:

Слични Написи