Интересни настани во Скопје, Битола, Охрид и Крушево во сабота на 15-ти март
Тимот на Информација.мк издвои 4 музички настани кои ќе се одржат оваа сабота на 15 март и Ви препорачуваме да ги посетите. Следуваат нашите препораки за Охрид, Крушево, Скопје и Битола.

Доколку викендот планирате да го поминете во Охрид, тогаш воопшто не се двоумете и за да имате најдобра саботна забава, посетете ја Пивницата „Сокак“ која се наоѓа во самиот центар на градот. Гаранција за добрата забава се членовите на музичката група „Везилка“ кои ќе се погрижат сите присутни во „Сокак“ да се забавуваат одлично. Резервирајте го на време вашето место, на телефонскиот број 077 961 611.

Aкo се одлучите овој викенд да дојдете во Крушево ви препорачуваме да го посетите Етно ресторанот „Крушевска одаја“, а момците од „Creative Band“ и Игор Волчко веќе се спремни за да создадат убава и весела атмосфера. Резервации на телефонските броеви: 075 421 946 и 075 421 947

И во Скопје викендов ќе има добра забава. Го издвојуваме настанот кој ќе се одржи во Македонска филхармонија, THE ULTIMATE GUNS N’ ROSES EXPERIENCE. Станува збор за Hard Rock концертен спектакл во еден поразличен амбиент, каде ќе ги слушнете најголемите хитови на легендарните GN’R, кои оставија неизбришлива трага во историјата на рокот.

Што се однесува до Битола, во сабота најинтересно ќе биде на пладне во Центарот за култура кога се очекува почетокот на мјузиклот за деца “Црвенкапа и смешниот волк”. Влезниците за овој културен настан се резервираат на тел. број 078 66 77 97.
