Eтно саем и летен саем на книгата во Крушево

Во Домот на култура во Крушево до 10-ти август се одржува убав настан кој го привлекува вниманието на вљубениците во етнологијата и книгите. Од повеќето настани посебно Ви препорачуваме да ја посетите Работилницата за презентирање на техника за изработка на уникатни рачни изработки која ќе ја реализира Стево Талески кој воодушевува со своите рачни изработки. Оваа работнилница ќе се одржи на 6 август со почеток во 12:00 часот во просториите на Домот на култура „Наум Наумовски-Борче“.

Вниманието го привлекуваат традиционалните производи. Со посетата на овој настан ќе можете да вкусите и да купите дел од традиционалните крушевски производи, да ја погледнете изложбата на фотографии од Крушево, традиционалните носии…
Во продолжение можете да се запознаете со програмата на двата саеми и да ја погледнете фото галеријата која ја направи нашата екипа за време на отворањето на манифестацијата.













