| |

Четириесет години поетско творештво. Крушевскиот поет Никола Јованоски вечерва слави голем јубилеј

Сподели на:

Вечерва, со почеток во 19:00 часот во прекрасниот амбиент на бутик хотелот „Св. Никола“ во Крушево, ќе се одржи свечено одбележување на исклучителен културен јубилеј – четириесет години поетско творештво на познатиот крушевчанец, поет и професор по македонски јазик, Никола Јованоски.

Настанот е отворена покана за сите љубители на поезијата, уметноста и убавиот пишан збор, кои ќе имаат можност заеднички да прослават 4 децении творечки опус исполнет со емоции, стихови и трајни културни вредности оставени во наследство на Крушево и Македонија.

За атмосферата да биде на нивото на овој голем јубилеј, домаќините од бутик хотелот „Св. Никола“ се погрижија да создадат автентичен, интимен и вистински поетски амбиент кој совршено ќе се вклопи во крушевската вечерна магија.

„Ги поканувам сите пријатели, почитувачи на уметноста и љубители на пишаниот збор вечерва заедно да го одбележиме мојот јубилеј – четири децении поетско творештво. Вашето присуство ќе ја направи оваа поетска вечер уште позначајна“, порачува авторот Јованоски.

Организацијата на вакви настани во Крушево е уште еден доказ дека градот останува да биде силно културно јадро кое несебично ги негува, поддржува и слави своите автентични творци.

Настанот започнува во 19:00 часот. Ве очекуваме!

Сподели на:

Слични Написи