| |

Прилеп e подготвен за Свети Никола. Традиционално ќе прослави со над 25.000 светиниколски сармички

Сподели на:

🏰 Посети го Прилеп – Градот под Марковите Кули!

Најдете апартмани и хотели во срцето на Прилеп по најдобри цени. 🏨 Види понуди во Прилеп

Booking.com

Прилеп е целосно подготвен за одбележувањето на патрониот празник на градот – Св. Никола, со почитување на вековната традиција и силен дух на заедништво. Во пресрет на градската слава, околу 40 жени од четири прилепски здруженија – „Китка“, „Мајка Традиција“, „Преродба“ и „Орхидеја“ – започнаа со подготовка на препознатливите светиниколски мали сармички, кулинарски специјалитет карактеристичен само за Прилеп. Годинава ќе бидат подготвени повеќе од 25.000 посни сармички.

Градоначалникот Дејан Проданоски, заедно со претставници на овогодишните домаќини на градската слава, компаниите „Матадор“ и „Бимфоод“, ги посети жените во просториите на „Бимфоод“, каде што се одвиваше подготовката на специјалитетот. По повод празникот Св. Никола, градоначалникот ги повика сите граѓани и посетители на 19 декември да бидат дел од чествувањето на градската слава, која, како што нагласи, симболизира мирољубивост, смирение и љубов.

Чествувањето ќе започне во 08:00 часот со Архиерејска божествена литургија во храмот „Св. Благовештение“, со која ќе чиноначалствува Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар. Во 12:00 часот ќе се одржат водосветот и прережувањето на празничниот колач пред параклисот „Св. Никола“ во центарот на градот.

По официјалниот дел, за сите добронамерници ќе биде послужена празнична посна светиниколска трпеза во централното градско подрачје. Во рамки на градската слава, на плоштадот „Александрија“ ќе се одржи и пригодна забавна програма, а на Камената бина ќе настапи прилепската музичка група „Тајфата“.

Сподели на:

Слични Написи