Како Крушево да стане светски зимски центар?

Крушево располага со природни богатства кои малку градови на Балканот ги имаат, но патот до врвен зимски туризам бара храбри одлуки и подобра инфраструктура. Порталот Информација.мк ја отвора дебатата за развој на градот преку разговор со двајца докажани професионалци: познатиот угостител Жан Здравески – Шапе и поранешниот скијачки шампион и тренер Андон Кечевски.
Подобар пристап до патеките и нова визија
Главниот заклучок од разговорот е дека сегашните услови се добра основа, но пристапот до скијачките патеки мора значително да се подобри за да се задоволат потребите на современите туристи.

Дали некогаш ќе се оствари желбата на крушевчани Мусица да стане нов скијачки центар?
Повторно се потсетуваме на идејата за изградба на скијачки центар на локалитетот Мусица. Ова е потегот кој би го ставил Крушево на мапата на сериозните европски и светски скијачки центри. Мусица може да понуди терени кои може да примат голем број скијачи и патеки по светски стандарди.
Видео:

Имаме убавина, имаме традиција, но ни треба подобар пристап и подобра организација на туристичката понуда. Веруваме дека е од исклучителна важност кога отворено и транспарентно се зборува за проблемите со кои се соочуваме. Само преку заедничко барање начини за подобрување на туристичката понуда и споделување на искуствата, можеме да стигнеме до вистински успех кој ќе биде од корист за целата заедница.

