|

Битолчани со нетрпение го очекуваат почетокот на новата зимска приказна

Сподели на:

Веќе се одброуваат деновите до почетокот на манифестацијата која ја претвора Битола во вистинска зимска бајка. Од 20 до 31 декември, градот повторно ќе. се претвори во голема, светлечка мапа на убави моменти од Плоштадот Магнолија преку Широк Сокак до Офицерски и Пациото на музејот, од малите и големи градски плоштади преку Безистенот до Старата чаршија и Bliss, па сѐ до убавецот Пелистер, осум локации што дишат како една празнична целина. Тоа е најновата ЗИМСКА ПРИКАЗНА на Битола.

Ова е најголемиот зимски фестивал во Македонија веќе неколку години. Во програмата е предвидено детско кино под отворено небо, музика што грее, улична уметност, гастрономија, зимски базар, голема сцена кај Офицерски, алтернативна сцена во Пациото, мала сцена на калдрмата кај Чаршијата, вечерни DJ сетови во празничниот автобус и во архаичниот Безистен, светилки што ја цртаат архитектурата и луѓе што се собираат, затоа што празниците се најубави кога се споделени.

Зимска приказна е создадена за сите генерации: за децата што веруваат во чудо, за вечно младите што го бараат ритамот на нивниот град, за семејствата што сакаат топлина и забава. Подгответе се на новата Зимска Приказна и дочекајте ги најубавите зимски празници во добро расположение.

Сподели на:

Слични Написи