Вечерва во Битола се промовира книгата „Нешадизми“ од авторот Нешат Аземовски
🏛️ Посети ја Битола – Градот на Конзулите!
Најдете одличен престој на Широк Сокак или мирно сместување под Пелистер. 🏨 Види понуди во Битола

„Нешадизми“ претставува збир од животни мудрости што предизвикуваат насмевка, но и насочуваат кон друг поглед кон светот и животот, што ги поттикнува читателите да размислат и да извлечат поука за секојдневниот живот.
Промоцијата ќе има хуманитарен карактер. Книгата ќе биде достапна за продажба на самиот настан, а целиот приход ќе биде дониран за хуманитарни цели, со што се продолжува делото на Нешат кој беше познат како голем хуманист.
Издавач на книгата е НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, приредувач и уредник е м-р Фатма Бајрам Аземовска, додека уредник на изданието е м-р Гордана Ѓорѓиевска Неделковски. Промоцијата на книгата е во 18:00 часот, денес (15 декември) во просториите на Офицерскиот дом во Битола.
Нешадизмите се доказ дека книгата истовремено може да биде извор на култура и уметност, но и да ги промовира добрината и човечноста.
