Нов ресторан на бреговите од Преспанското Езеро
На почетокот од месец мај, повторно ќе започне со работа ресторанот кој е сместен во Авто-кампот „Крани“. Ова е доказ дека Преспа, а посебно Крани се враќаат на голема врата и ќе станат една од најпопуларните туристички дестинации во Македонија.
Убава вест за сите вљубеници во прекрасното Преспанско Езеро, а посебно за сите оние кои во текот на летото сакаат да уживаат во прекрасен амбиент, вкусна храна и пијалоци по одлични цени. Ако на сето ова се додаде и најубавиот поглед кон езерото што ќе го имаат од летната тераса на ресторанот, тогаш веќе е сосема јасно дека ова место ќе биде вистински рај за одмор.
Кое ќе биде името на ресторанот?
Во знак на почит кон сите Вас кои во овие моменти ја читате оваа одлична вест, сопствениците на новиот ресторан ексклузивно ја споделуваат и информацијата за името на ресторанот: „Преспанска оаза“. Без сомнение „Преспанска оаза“ ќе стане омилена дестинација на илјадниците домашни и странски туристи , но и на жителите од Преспанскиот крај, затоа што ќе биде место каде ќе можат да организираат голем број од нивните семејни прослави.
„Преспанска оаза“ – СРЕЌНО!

