Среќен брак

Сподели на:

Блажо и Наташа низ цела Македонија беа познати по тоа што беа многу години во брак и никогаш се немаа скарано помеѓу себе.
Дојде денот за славење на 50 годишнината од нивниот брак. Екипа од националната телевизија разбра дека тие се брачен пар без ниту една кавга во бракот, и затоа сакаа да снимат прилог со нив, за да ги покажат како позитивен пример за останатите. Кога пристигна телевизиската екипа за да направи интервју со овој среќен пар го начека Блажо како ужива и си пие ракиичка во дворот.
Новинарот веднаш го праша Блажо, заради која причина толку многу години никогаш се немаат скарано и имаат убав брак со неговата жена. Тој веднаш удри со чашата ракија од масата и почна да зборува:
– Сѐ почна кога се венчавме. – почна да раскажува Блажо. Наташа и јас веднаш заминавме на меден месец во Италија. Таму сѐ беше одлично, беспрекорна организација и многу нѐ шетаа. Третиот ден нѐ однесоа на една многу елитна фарма за одгледување на коњи и организираа и ние да јаваме коњи. Мојот коњ беше премирен. Преубаво беше, само си јавав и свиркав. Арно, ама коњот од жена ми беше многу лош. Само што почна да го јава, се исправи на задните нозе и ја фрли на земја. Леташе околу 3 метри. Жена ми само мирно стана, се истресе од прашината, го погали коњот и нежно му рече:

– Ова ти е прв пат!


– Продолживме да јаваме, отидовме 100 метри понатаму, нејзиниот коњ повторно се исплаши од нешто и пак ја фрли. Таа мирно пак си стана. Се виде на колениците дека е цела со модрици, а имаше и на телото. Пак го погали коњот и му рече: „Ова ти е втор пат“.

– Сепак продолживме да јаваме. Но верувале или не, за неполна минута коњот пак ја фрли. Сега, таа само стана од земјата, ништо не зборна. Кој знае од каде, извади пиштол и без да каже збор, го испука коњот меѓу очите.
Јас веднаш почнав да викам: Што направи кучко една! Дали си нормална? Што ти направи толку лошо ова коњче? Што ќе правиме сега? Ние ќе треба да го платиме…


А, жена ми мирно, само се сврте кон мене и нежно ми рече:

– Блажо, ова ти е прв пат…

Сподели на:

Слични Написи

  • Кој се смее, зло не мисли

    Виц број 1: После свадбата разговараат младоженците: – Драги, јас уште не можам да се ослободам од некои мои стари навики. – Штом е така срце мое, продолжи да си бараш пари од татко ти. Виц број 2: – Љупче, што е тоа љубов, а? – Уф, Ленче, како да ти кажам. Тоа е кога…

  • Хумор за сечиј вкус

    Дедо и баба заминуваат од хотелот. Рецепционерот им вели: Треба да платите 80.000 денари.Дедо се изненади од високата цена и рече: – Еј, чекај, ние не сакаме да го купиме хотелот! Тука бевме само 5 дена. Од каде ги најдовте овие 80.000?Рецепционерот: -Што е со тениското игралиште?Дедото: – Но, ние не го користевме.Рецепционерот: – Убаво…

  • 1,2,3…Смеј се сега ти!

    Виц број 1: Се сретнуваат две жени на улица и едната на другата ѝ вели: – Леле, ама си ослабела! Која е тајната?! – Компири, кромид, пиперки, домати, краставици… – И само тоа јадеш цело време? Не јадеш месо и леб? – Ма, какво јадење, со месеци само тоа садев и копав! Виц број 2:…

  • |

    Почнете го денот со насмевка

    – Ало, дали е тоа радио станица?– Да, кажете.– Најдов паричник со 3000 евра, 1200 долари и 5000 денари. Внатре има и возачка дозвола на име Петар Трајчески.– И…?!– И сега сакам да го поздравите Петар со една песна од мене… Во некое македонско министерство снемало струја, па министерот се појавил пред службениците.– Денес сè…

  • Три вицови за поубав ден

    Виц број 1: Под итно донеле една влаинка во брзата медицинска помош. Кога ја видел докторот веднаш ја прашал:– Пак вие дојдовте? Вчера ве спасивме затоа што сте јаделе отровни печурки, а денеска што се случи?– Истото е, докторе. Останаа од вчера неколку печурки, па си реков да не ги фрламе. Виц број 2: Трајче,…

  • Како спијат мажите?

    Од 0 до 2 години – со приказни и бајки.Од 2 до 10 години – со фантазија.Од 11 до 20 години – со музика.Од 21 до 30 години – со жена. Од 31 до 40 години – пак со жена, но туѓа.Од 41 до 50 – со секоја жена.Од 51 до 60– со електрична перница.Од 61…