|

Крушевска Одаја – Манифест за добра храна

Сподели на:

„Крушевска Одаја“ се вбројува во најпознатите македонски етно ресторани и е место каде оживуваат вкусовите и традициите од нашето минато. Препуштете се на богатото кулинарско наследство на Македонија и пробајте го вкусот на храната која е готвена според најдобрите стари рецепти кои како добро скриена тајна беа пренесени од нашите претци. Од тавче гравче до вкусни пити и месо на скара, нашето мени го прикажува најдоброто од македонската кујна. Етно амбиентот изобилува со рачни изработки, изложени народни носии, а ако на сето тоа се додаде и старата добра македонска народна песна, тогаш е сосема јасно зошто сите сакаат повторно да дојдат во „Крушевска Одаја“. 

Дополнителни информации:

„Крушевска Одаја“ се наоѓа веднаш до Гумење, а тоа е најпосетеното туристичко место во Крушево, затоа што таму се сместени споменикот „Македониум“ и Спомен куќата „Тодор Проески“.  Во внатрешниот дел истовремено може да се сместат 120 гости, а на отворената тераса 60 гости.

Контакт информации:

Локација: Ул. Тодор Проески бр. 71 Гумење, Крушево

Фотографии

Сподели на:

Слични Написи