Чувствувајте се како дома во Гостилница Рома
Сместена во срцето на Крушево, Гостилница Рома нуди топла и привлечна атмосфера во која ќе уживате во секој момент. Вкусете од прекрасните специјалитети од далеку познатата крушевска кујна. Повелете на утринска чорба, а во текот на денот препуштете се на вкусовите од Рома грне, топено сирење, даски, пици и изврсни специјалитети на скара. Нашата храна секогаш е направена со свежи, локални состојки и затоа секој оној кој еднаш ќе нѐ посети, станува наш редовен гостин. Гостилницата Рома е таму каде што планинските вкусови се среќаваат со кулинарската уметност.
Дополнителни информации:
Гостилница Рома располага со вкупен капацитет за 90 лица. Гостите можат да уживаат во пријатното сместување во ресторанскиот дел, но и на терасата која е приспособена на промените на временските услови и може да се користи во сите годишни времиња. Рома е местото каде се случиле многу среќни моменти во животите на крушевчани, но и на многуте гости од земјава и странство. Просторот може да се користи за организирање на фамилијарни прослави, но и за друг вид на организирани настани.





































