„Нема друга Македонија“ добива нов живот: „Некст Тајм“ го објавија видеото снимено во величествениот „Македониум“

По најавите и големиот интерес, дуото „Некст Тајм“ денеска ја објави долгоочекуваната преработка на легендарната македонска песна „Нема друга Македонија“. Песната, која изворно ја отпеа Војо Стојановски, добива ново, моќно видео снимено на исклучително симболичен амбиент во споменикот „Македониум“ во Крушево.
Видеото е дел од концертниот проект со истото име, „Македониум“, што групата го реализираше пред неколку недели токму во величествениот објект. Со оваа преработка, „Некст Тајм“ уште еднаш ја потврдуваат својата посветеност кон македонската музичка традиција и историски вредности, презентирајќи ја песната во модерен, но длабоко емотивен аранжман. Без сомнение ова е новиот хит кој ќе се слуша многу долго време.
Погледнете го видеото:
