|

Најубави цитати за виното

Сподели на:

„Пивото е создадено од човекот, виното од Бог.“ – Мартин Лутер.

„Секако дека вашиот принц ќе дојде, но за секој случај, имајте си вино и чоколадо.“ – Непознат автор

„Во виното и децата е вистината.“ – Платон.

„Првиот бакнеж и првата чаша вино се најдобри.“ – Марти Рубин.

„Пијте вино. Тоа е вечен живот. Тоа е сѐ што младоста ќе ви даде. Сега е времето за вино, рози и пијани пријатели. Бидете среќни за овој момент. Овој момент е вашиот живот.“ – Омар Кајам.

„Можам да направам виното да исчезне. Тоа е мојата, а дали Вие имате накаква супер моќ?“ – Непознат автор.

„Или дај ми уште едно вино, или остави ме на мир.“ – Руми

„Неговите усни пијат вода, но неговото срце пие вино.“ – Е.Е.Камингс.

„Мојата љубов е како празно шише вино. Ако се прашувате, мојата бивша жена сѐ испи.“ – Џерод Кинц.

„Прифати го тоа што животот ти го нуди и обиди се да пиеш од секоја чаша. Сите вина треба да бидат пробани: некои само по малку, но некои треба да се испијат цели.“ – Пауло Коељо.

„Виното е како самолеплива лента. Може да поправи сѐ“. – Непознат автор.

Сподели на:

Слични Написи