Во Домот на културата “Илинден” Демир Хисар се отвори изложба од Меѓународната ликовна колонија “Михајлово – Кавадарци”

Во Фоајето на Домот на културата “Илинден” Демир Хисар се отвори Изложба од Меѓународната ликовна колонија “Михајлово – Кавадарци”.
На отворањето на изложбата присуствуваа претставници од Домот на културата “Иван Мазов Климе” од Кавадарци, Градоначалникот на Општина Демир Хисар, ученици од СОУ “Крсте П. Мисирков”, но и граѓани вљубеници во ликовната уметност.

Ликовната колонија „Михајлово – Кавадарци“ годинава се одржа по 29-ти пат, а во Демир Хисар гостува прв пат и токму затоа владее голем интерес за промотивниот настан, нагласија од секторот за односи со јавност на Општина Демир Хисар
Изложбата е во соработка со Домот на културата “Иван Мазов Климе” Кавадарци и е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.
Изложбата ќе биде отворена од 11 до 15 ноември 2025 година.
Фотографии:












Локација:

