Музички спектакл под отворено небо: Влатко и Златко Миладиноски со голем концерт во Хераклеја!

Преубавиот амбиент на Античкиот театар Хераклеја во Битола на 29 јули ќе биде епицентар на врвна македонска музика, силни емоции и традиција. Еден од нашите најемотивни и најпрепознатливи интерпретатори, Влатко Миладиноски, најавува незаборавна вечер која започнува во 21:00 часот.
На сцената, Влатко ќе настапи во придружба на импозантниот оркестар на Златко Миладиноски, составен од дури 30 врвни музичари. Публиката ќе има ретка прилика да ужива во нивните познати авторски композиции, но и во специјално аранжирани македонски безвременски песни.
Со моќна сценска продукција и уникатна атмосфера под ѕвездите, овој концерт ветува вистинско музичко доживување кое долго ќе се памети.
Изнанадувања и специјални гости
Покрај богатата репертоарска програма, организаторите најавуваат и специјални гости од македонската естрада кои дополнително ќе ја загреат атмосферата и ќе донесат многу изненадувања. Хераклеја уште еднаш преку песна ќе ги обедини Македонците од целиот свет.
Билетите се продаваат по цена од само 700 денари, а можете да ги купите преку интернет на овој линк Билети за концертот на Влатко , а за информации и резервации можете да се јавите и на телефонскиот број 📞 077 611 669
Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од оваа прекрасна вечер во која во еден глас публиката, Влатко и неговите гости ќе ги пеат најубавите македонски народни песни. Обезбедете го вашето место на време и бидете дел од вечерта каде што ќе се слави македонската традиција!
