|

Младите таленти од Летната школа „Илинденка“ во Крушево одушевија со театарски перформанс

Сподели на:

Денес во Крушево се одржа завршниот театарски перформанс на децата кои беа дел од годинешното издание на Летната школа „Илинденка“.

Пред бројната публика, младите учесници ги прикажаа стекнатите знаења и вештини развиени за време на интензивните театарски стручни работилници. Под раководство и менторство на меѓународни и домашни експерти — проф. д-р Патричиа Катона од Романија и Билјана Крајчевска — децата имаа единствена можност да нурнат во светот на сценската уметност, подобрувајќи ја својата актерска игра, говорните вештини и сценското движење.

Летната школа „Илинденка“ уште еднаш потврди дека Крушево е значаен културен центар. Преку интерактивни и едукативни содржини, оваа иницијатива успешно ги обединува младите околу вистинските културни и образовни вредности, поттикнувајќи го нивниот креативен потенцијал и тимски дух. Летната школа „Илинденка“ се одржа во рамките на манифестацијата Десет дена Крушевска Република.

Погледнете видео и фотогалерија!

Сподели на:

Слични Написи