| |

Прилеп добива нов фестивал „Итар Пејо“

Сподели на:

Прилеп овој викенд ќе биде центар на фолклорот и традицијата со одржувањето на новиот Меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“. Манифестацијата е во организација на КУД „Мирче Ацев“ – Прилеп, под покровителство на Општина Прилеп и НУЦК „Марко Цепенков“, а поддржана од бројни локални компании и претпријатија.

Официјална програма:

14 август 2026 година (петок)

  • 19:00 ч. – Отворање пред споменикот на Итар Пејо
  • Прошетка низ Прилеп
  • Детска работилница на Могилата на непобедените
  • Свечено дефиле на сите учесници
  • Фестивалски настап кај споменикот на Итар Пејо

15 август 2026 година (сабота)

  • 19:00 ч. – НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп
  • Креативна работилница
  • Главна фестивалска вечер
  • Забава на летната сцена при НУЦК „Марко Цепенков“

Информации за билети:

Влезниците за втората фестивалска вечер се продаваат по цена од 100 денари. Може да ги набавите секој работен ден од 10:00 до 12:00 часот на билетарата во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Сподели на:

Слични Написи