| | |

Крушевчани се подготвени за „Дева“, традиција која е специфична само за Крушево

Сподели на:

Додека во останатиот дел од земјата подготовките за Божиќ се поврзуваат со коледe, Крушево на 5 јануари негува една поинаква, визуелно фасцинантна и автентична традиција. Вечерта на „Дева“, градот се претвора во магична сцена каде главниот збор го имаат децата и светлината на Давидовата ѕвезда.

🏠 Планираш престој во Крушево?

Погледнете ги најдостапните апартмани, вили и хотели во Крушево по најниски цени. 👉 Види ги сите понуди во Крушево

*Резервацијата е преку Booking.com

Симболиката на Ѕвездата

Централниот дел од овој обичај е носењето на рачно изработена ѕвезда (позната како „Дева“), која ја симболизира Витлеемската ѕвезда што го најавила раѓањето на Исус Христос, а истата таа ѕвезда ја следеле мудреците.

Ѕвездата најчесто се прави од лесни дрвени летвички, обложена со црвена хартија. Децата и возрасните во групи ги носат овие ѕвезди низ тесните и стрмни крушевски улици создавајќи прекрасна глетка низ целиот град. Сите оние кои ја носат ѕвездата ги посетуваат домовите на крушевчаните и ја пеат песната за Дева, а домаќините нивната посета ја наградуваат со пари. „Дева“ е обичај, стар стотици години. Се верува дека крушевските печалбари го пренесле од Русија, а денес истиов празник на овој начин се празнува само во Крушево и во Витлеем.

Традиционално настанот ќе започне од градскиот плоштад „Никола Мартиновски“ каде во 17:00 часот сите девари заеднички ќе запеат со што ќе се означи почетокот на нивните посети на домовите на нивните сограѓани. Организатор на настанот е СОУ „Наум Наумовски-Борче“ од Крушево, а манифестацијата го носи името „Дева во чест на Неговото раѓање”. Празнична атмосфера ќе се разубави со посна трпеза, топли напитоци и собирање доброволни средства за првото новородено дете.

Сподели на:

Слични Написи