Катерина Ацевска стана Светски Вицешампион во Џиу Џицу

Сподели на:

Македонската репрезентативка Катерина Ацевска оствари фантастичен успех на Светското првенство во џиу-џицу, кое од 2 до 9 август 2026 година се одржа во Абу Даби. Во силна сениорска конкуренција, во категоријата над 70 килограми, Ацевска се закити со сребрениот медал и ја понесе титулата светска вицешампионка.

Овој резултат е чекор понапред во однос на минатата година, кога на Светското првенство во Тајланд се избори за бронзениот медал, потврдувајќи го нејзиниот континуиран раст и светска класа. Новиот успех на Ацевска ѝ донесе и значајни бодови со кои дополнително го зацврсти првото место на официјалната светска ранг-листа.

Освојувањето на среброто во Абу Даби е само круна на импресивната сезона за македонската шампионка. Во текот на оваа година, таа веќе зад себе има низа врвни достигнувања:

  • Златен медал на Гранд-при турнирот во Џенова, Италија
  • Бронзен медал на „Париз опен“, еден од најсилните сениорски турнири во светот
  • Бронзен медал на Европското првенство на Крит
  • Двократна балканска шампионка
  • 5 златни медали од меѓународни турнири во регионот

Со овие забележителни резултати, Катерина Ацевска уште еднаш докажа дека Македонија се наоѓа во самиот светски врв кога станува збор за џиу-џицу борбите.

Сподели на:

Слични Написи