Macedonian 4×4 Trophy

Сподели на:

Крушево е место кое нуди одлични можности за развој на различни видови на спортови, а во последните години многу поголема е бројката на вљубениците во авантуристичките и адреналински спортови кои ги користат одличните терени кои ги нуди Крушево. Македонскиот 4х4 Трофеј е натпревар кој оваа година се одржува по 6-ти пат. Од 7-ми до 11-ти мај 2025 година, вкупно25, 4х4 возила кои воодушевуваат со својата моќ се движат низ крушевските планини и докажуваат дека можат да се движат и по најтешко пристапните терени. На натпреварот учествуваат возачи од Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Нашата екипа во живо ги следеше натпреварите и ексклузивно за вас ви подготви видео материјал од овој единствен и можно интересен настан.

Rumble видео канал:

YouTube видео канал:

 

Сподели на:

Слични Написи