| | | |

Тимот на „Наука за деца“ ги буди малите научници низ целата земја.

Сподели на:

Што се случува кога група научници и наставници ќе одлучат да соработуваат? Одговорот го видовме деновиве во основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во крушевското село Светомитрани, каде што тимот на „Наука за деца“ одржа инспиративна и забавна научна работилница за тамошните ученици.

Училниците ечеа од смеа, љубопитни прашања и возбуда, додека децата имаа можност преку практични експерименти да го допрат светот на науката.

Посетата на училиштето во с. Светомитрани е само дел од мисијата на Никола Стиков и Драгана Стикова кои се обидуваат да ја донесат науката до секое дете, без разлика каде живее. Преку игра, логичко размислување и практична работа, учениците знаат да покажат дека истражувачкиот дух нема граници.

Оваа работилница докажа дека кога науката ќе се „симне“ од учебниците и ќе се претвори во животно искуство, децата веднаш стануваат мали научници.

Тимот на „Наука за деца“ и граѓанската иницијатива „Кантарот“ продолжуваат понатаму, со истата порака до сите дечиња, родители и наставници: Подгответе се за следните предизвици: Научната забава штотуку започнува!

Дополнителна информација: Пријавете се и Вие за да станете дел од работилницита на Наука за деца! Дознајте повеќе на: Наука за деца

Сподели на:

Слични Написи