КВИЗ: Каков тип на гостин си на македонска свадба?

Свадбената сезона е во полн ек, а македонските свадби се приказна за себе. Од првата ракија до последното оро, секој од нас има своја „улога“ на масите. Одговори на овие 5 брзи прашања, пресметај ги твоите одговори (А, Б, В или Г) и дознај кој тип на гостин си ти!
1. Музиката свири пред куќа/зграда кај младоженецот или невестата. Каде си ти?
- А) Веднаш до тапанот, со чашата во рака, нарачувам песна.
- Б) Стојам малку настрана во сенка, ги анализирам фустаните на гостите и проверувам дали има доволно кифлички.
- В) Се сликам за Инстаграм или Фејсбук со деверушите и барам соодветен филтер.
- Г) Сè уште се мачам со вратоврската дома или ја барам кошулата што не е испеглана.
2. Свадбата започнува во ресторан и келнерот го носи предјадењето. Што правиш?
- А) Набрзина каснувам нешто за да „направам подлога“ за пиењето и чекам да почнат ората.
- Б) Го боцкам келнерот со виљушката и коментирам: „Оваа сечената салама изгледа како да е стара, стоела малку подолго на сонце…“
- В) Го сликам тањирот одозгора, ја тагнувам локацијата на ресторанот и пишувам #WeddingVibes.
- Г) Уште не сум стигнат, пцујам што тргнав во последен момент, уште паркирам и им ѕвонам на познатите да ме чекаат на влез за да не влегувам сам во салата како филмска ѕвезда.
3. Музиката го свири првото тешко оро. Твојата реакција е:
- А) Веднаш скокам од стол, се фаќам на чело на орото и го вадам шамивчето.
- Б) Седам, пијам од пијалакот и коментирам кој не го знае чекорот и кој ја згрешил ногата.
- В) Снимам видео за Story и го следам ритамот со главата за да изгледам заинтересирано.
- Г) Одам до тоалет, на пауза за цигара или едноставно си зборувам со човекот до мене за политика или фудбал.
4. Што правиш кога невестата го фрла бидермаерот?
- А) Навивам гласно од страна и правам атмосфера како да е финале во Лига на шампиони.
- Б) Седам на маса и пресметувам колку пари има во пликот што им го дадов на младоженците, за да не згрешив па да ставив помалку или повеќе.
- В) Влегувам во првите редови, спремен/а да направам сериозен скок за да го фатам – ова мора да се сними!
- Г) Гледам во телефонот колку е часот и мислам дали утре сум прва смена на работа.
5. По полноќ е, се служи тортата, а музиката почнува со „тешките“ македонски хитови. Каде си?
- А) Со одврзана вратоврска (или бос/а, без штикли), качен на стол, пеам на цел глас.
- Б) Веќе се спакував, ги земав бонбончињата од масата и му шепотам на партнерот/партнерката: „Ајде, да си одиме побрзо, пред да направат гужва на излезот“.
- В) Сè уште изгледам беспрекорно, правам селфи со младоженците за крај на вечерта.
- Г) Седам на маса, малку ме фати пијачката, ама чекам да видам дали до крајот и некој друг ќе се испијани.

РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОТ: Кој тип на гостин на свадба си ти?
Погледни која буква ја имаш најмногу и прочитај го твојот профил:
Најмногу одговори под А: 👑 Оро-мајстор и душа на забавата!
Ти не одиш на свадба за да јадеш, туку за да ги „оставиш колената“ на подиумот. Ги знаеш сите ора – од Пајдушко до Елено моме. Прв се фаќаш, последен седнуваш, а музичарите те обожаваат затоа што ја креваш атмосферата. Без тебе, свадбата би била обична вечера!
Најмногу одговори под Б: 🧐 Свадбен критичар (Главен инспектор)
За тебе, секоја свадба е проект што треба да се оцени. Забележуваш сè: дали ракијата е добра, дали супата е топла, кој колку пари донел во пликот и чиј фустан бил „за никаде“. Иако делуваш строго, сепак си омилен соговорник на масата бидејќи твоите коментари се урнебесни.
Најмногу одговори под В: 📸 Ловец на лајкови (Инстаграм и Фејсбук свадбар)
Твојата главна мисија е сите на социјалните мрежи да дознаат дека си на свадба и дека изгледаш топ! Телефонот ти е постојано во рака, правиш видеа од ората, од тортата, од огнометот. Младоженците можат да ти бидат благодарни – благодарение на тебе, имаат бесплатен пренос во живо од нивната свадба, а нема да треба да те платат како главен камерман.
Најмногу одговори под Г: 💤 Гостин на „тивко оганче“ (Јас само за малку)
Ти си опуштен тип. Не сакаш драми, не сакаш да се туркаш на подиумот. Доаѓаш малку подоцна, си седиш, си правиш муабет со луѓето и уживаш во храната. Често велиш дека ќе си одиш рано, но ако те погоди некоја добра песна пред крајот, знаеш да изненадиш и да останеш последен на масата.
