|

Поскапува одморот во Грција

Сподели на:

Дополнителен надоместок за престој се воведува во Грција, како дел од мерките за заштита на локалното културно наследство и инфраструктурата кои според грчките власти се загрозени заради масовниот туризам. Висината на новиот данок за престој ќе зависи од временскиот период и од видот на сместувањето. Износот кој ќе треба да го платат туристите ќе биде повисок ако сакаат да престојуваат во главната туристичка сезона, а овие надоместоци ќе се плаќаат директно на местото на престој или при пристигнување на одредени дестинации. Данокот се наплаќа по ноќевање, а определени се следниве износи:

*Хотели со 1-2 ѕвезди: 2 евра
*Хотели со 3 ѕвезди: 5 евра
*Хотели со 4 ѕвезди: 10 евра
*Хотели со 5 ѕвезди: 15 евра

Данокот нема да се наплаќа по лице, туку ќе се наплаќа по соба или простор за сместување, што значи дека семејствата и поголемите групи можат да добијат подобра и поевтина понуда.

Колку ќе изнесуваат новите даноци во Грција?

Износот на данокот зависи од видот на сместување и времето од годината, а во текот на главната туристичка сезона, данокот се наплаќа по ноќ и ќе изнесува:

Хотели со 1-2 ѕвезди: 2 евра
Хотели со 3 ѕвезди: 5 евра
Хотели со 4 ѕвезди: 10 евра
Хотели со 5 ѕвезди: 15 евра

Данокот се наплаќа по соба или сместувачка единица, а не по лице, што значи дека семејствата и поголемите групи можат да добијат подобра понуда.

За да стане појасно за колку голем број на туристи се работи, ќе го спомнеме податокот дека лани, само на Миконос, во еден ден од месец август пристигнале 20.000 патници кои патувале со 8 крстосувачки бродови.

Имајќи го во предвид овој податок што докажува колку многу туристи доаѓаат и со крстосувачки бродови, сега и за нив се предвиди надоместок. Ако сака да ја посети Атина и другите острови, еден турист дневно ќе треба да плати 5 евра, а за посета на Миконос и Санторини 20 евра.

Средствата кои ќе ги соберат од овие даноци грчката власт планира да ги инвестира во обновување на инфраструктурата и решавање на еколошките проблеми на туристичките дестинации.

Сподели на:

Слични Написи