Охрид – бисерот на Балканот

Сместен на брегот на кристално чистото Охридско Езеро, градот Охрид е вистински рај во Македонија, но и на Балканот.
Иако има безброј, ние Ви набројуваме само 5 причини зошто треба да го посетите Охрид:
1. Историско наследство: Охрид е град со богата историја, со многубројни цркви, манастири и археолошки локалитети. Црквата „Св. Јован Канео“, Самуиловата тврдина и Античкиот театар се вбројуваат во групата на најпосетени места од страна на туристите.

2. Природни убавини: Охридското Езеро е најстаро, но е едно и од најдлабоките езера во Европа со кристално чиста вода и прекрасни пејзажи. Уживајте во прошетки покрај езерото, возење со брод и релаксација на плажите. Охридското Езеро меѓу другото е посебно поради постоењето над 200 животински и растителни видови, ендемски видови, кои ги има само во тоа езеро и никаде на друго место во светот. Езерото е старо од 3 до 5 милиони години, и затоа се смета за најстаро езеро во Европа и е едно од петте најстари езера во светот.

3. Културни настани: Во текот на летото, Охрид е домаќин на многу културни настани, а меѓу нив најпозната е манифестацијата „Охридско лето“.
4. Традиционална храна: Пробајте ги вкусните македонски специјалитети, како што се охридската пастрмка, пинџур и ајвар.
5. Гостопримливост: Охриѓани се познати по својата гостопримливост и срдечност, што ќе го направи вашето патување уште попријатно.
Охрид е место каде што ќе се чувствувате како дома, каде што ќе уживате во прекрасната природа, богатата историја и вкусната храна.
Видео загатка: Погоди го градот !
