Прилепчани подгответе се за низ насмевки да поминете уште една прекрасна вечер

Сподели на:

По барање на прилепската публика, најбараниот комичар и мајстор за стендап шоу – Никола Тодороски доаѓа во Прилеп со неговото најновото ПРЕМИЕРНО стендап комично шоу “NITRO 2” заедно со неговиот колега Никола Братучед. Настанот е закажан за на 12 ноември 2025 година во големата сала во НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп која како и во минатото, така и сега ќе биде претесна за да ги собере сите заинтересирани. Затоа, не чекајте ни миг за да си набавите билети кои се пуштени по цена 250 денари, а можете да ги најдете во Кафетерија/поранешно Кафе ИН во цветната улица во Прилеп.

Станува збор за стендап шоу, за кое со сигурност Ве уверуваме дека ќе Ве насмее до солзи, а дека ќе биде вистински спектакл -Ви гарантираме со сигурност, бидејќи нашата екипа постојано ги следи неговите настапи.

Официјално, Тодороски пред турнејата во Австралија и Шведска, доаѓа во Прилеп а веднаш потоа заминува на неговата голема турнеја во Шведска и Австралија.

Побрзајте, набавете си билети по цена од само 250 денари!!

Сподели на:

Слични Написи