Зимски фестивал на снег и мраз во Кина
Цел град направен од мраз и сето тоа да изгледа совршено и прекрасно. Накратко, тоа е содржината на кратката видео приказна која ви ја подготвивме со цел за момент да ја почувствувате зимската магија која веќе 30 години наназад ја носи кинескиот град Харбин. Користејќи ја реката Сунгари која поминува низ самиот град, граѓаните од неа ги прават најубавите скулптури. Секоја година има посебни атракции, а годинава најголемо внимание привлекува замрзнатиот дворец кој има 20 спрата, висок е неверојатни 26 метри и е направен од илјадници коцки мраз тешки и до цели 250 килограми.
