„Фенерот на Диоген“- подарок за твојот подарок. Младински Совет Крушево успешно ја спроведе својата прва активност

„Фенерот на Диоген“ е првата активност на Младински Совет Крушево, која покажа дека хуманоста во Крушево е на многу високо ниво. Имено на 21 декември 2025 гoдина во градскиот парк во Крушево, секој добронамерник и хуманист кој донесе пакетче, беше награден со фенерче.


Заедно со паричните прилози на Општина Крушево, Иннен Декор, Next Gen Academy, Вила Крушево ИНН, Конак Хилтоп, Крушевски конаци, Гостилница Марчело, Стефо Јанкулоски, Аlmi tob,Паб Истра Крушево, ПЗУ Д-р Лидија Кардула, Вила Гора, Хотел Скорпион, Инфолимб, Тагас Балкан, Ѓоко Транс, Кола Скопје, Група „Марифет“, Советници во Совет на Општина Крушево, Вработени во Стокомак, вкупно се собраа 416 пакетчиња кои ги израдуваа дечињата од Општина Крушево.


04. 01. 2026 година – Радосен ден за дечињата од крушевските села кои се во околината на градот. Екипата на Младински Совет Крушево подели пакетчиња на сите ученици од I до V одделение во селата на Општина Крушево: Бучин, Пресил, Милошево, Светомитрани, Врбоец, Алданци, Норово, Борино, Белушино, Саждево и Јакреново.


06 јануари 2026 година – Дечињата од I до V одделение од ООУ „Никола Карев“, како и децата од социјално ранливите категории во Крушево со радост ги дочекаа пакетчињата.
На 08 јануари 2026 година, остатокот од пакетчињата беше дониран во Дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево, кои поради оправдано отсуство ќе им бидат поделени за Православна Нова година, односно на 14 јануари 2026 година.

Младински Совет Крушево се заблагодарува на поддршката на сите хумани луѓе со која покажавме дека само обединети, заедно можеме да создаваме големи дела и да шириме радост.





Посетете го Крушево! Ви нудиме две можности за резервација:
- Директна поддршка: Разгледајте ја нашата селекција на вили и апартмани со кои имаме директна соработка на: informacija.mk/krushevo
- Глобални партнери: Доколку претпочитате меѓународни платформи, резервирајте го вашето сместување преку нашиот партнер Booking.com на следниот линк:
🏠 Планираш престој во Крушево?
Погледнете ги најдостапните апартмани, вили и хотели во Крушево по најниски цени. 👉 Види ги сите понуди во Крушево
*Резервацијата е преку Booking.com
