Репортажа за лековитите бањи во Пожарско или Лутраки
Движејќи се по убав асфалтен пат, на околу 130 км оддалеченост од Битола се наоѓаат убавите топли бањи во Пожарско. Ова место до 1922 година се нарекувало Пожар, а денес се користи и грчкото име Лутраки. Селото се наоѓа во северозападниот дел од котлината Меглен, во зелените делови на планината Кајмакчалан, а од таму до градот С’ботско од каде што потекнува познатиот борец за македонските права Никодим Царкњас има само 13 км оддалеченост. За да стигнете од градот Воден до бањите потребно е да поминете 33 км растојание.
Местото Пожарско (Pozar) Лутраки е вистински дар од природата. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулаторни и респираторни нарушувања.
Oваа прочуена бања располага со природна изворска термална вода со лековити својства, а таа е една од најпродаваните флаширани изворски води во цела Грција, а е позната под името „Лутра“.
Големиот базен зафаќа површина од 25 метри ширина и 50 метри должина, а помалиот е длабок само 1 метро и долг 10 метри, широк 30 метри и е совршен за сите возрасни групи.
Видео репортажа:
