Давид Темелков со Нова Песна и Порака што Лекува – „Слушај животот штом диктира“
Еден од најсилните и најемотивни вокали на регионалната сцена, Давид Темелков, ја затвора годината со вистинско музичко ремек-дело! Неговиот сингл, „Слушај животот штом диктира“, не е само песна — тоа е длабока, искрена животна порака која веќе ги освојува срцата на публиката. Давид Темелков е автор на музиката и текстот, аранжманот е на Кристијан Синковиќ, а песната е снимена во M STREET MUSIC.
Видео:
Текст од песната „СЛУШАЈ ЖИВОТОТ ШТОМ ДИКТИРА“
Понекогаш се будиш сам
Без одговор на нити едно прашање
Без надеж утре што ќе донесе
Или кого животот ќе однесе
Но мора да си јак И на нозе мораш сè да поднесеш.
Има еден лек Лечи душа, лечи срце, лечи сè Љубов е…
Слушај животот штом диктира
Не е среќа се што лице насмева
Доволна е лажна насмевка
Да ти скрши срце на пола
Не продавај си ја душата
И срце повторно ќе заигра
Љубовта е среќа
Штом дома имаш некој да те дочека.
Знам понекогаш е денот сив
Но не плаши се тоа значи ти си жив
Штом си во право знај да глумиш крив
Биди мангуп, биди храбар, прости им
И знам животот нè е фер
И секој пораз в срце ќе го запишеш
Има еден лек
Лечи душа, лечи срце, лечи сè
Слушај животот штом диктира
Не е среќа се што лице насмева
Доволна е лажна насмевка
Да ти скрши срце на пола
Не продавај си ја душата
И срце повторно ќе заигра
Љубовта е среќа
Штом дома имаш некој да те дочека.

