|

„Апсолутна власт – апсолутна забава“: Вечерва Скопје пулсира во знакот на 29-тата Златна Бубамара!

Сподели на:

Под мотото кое ветува многу смеа и сатира, вечерва во салата „Борис Трајковски“ ќе се одржи најпопуларната манифестација во Македонија. Ѕвезда на вечерта е светската соул-легенда Марта Хај, која доаѓа да ја прими наградата за животно дело.

Ретроспектива на 2025 година низ сатира

Најновото издание на „Златна Бубамара на популарноста“ и овојпат нема да ги штеди општествените случувања. Под слоганот „Апсолутна власт – апсолутна забава“, манифестацијата на свој специфичен начин ќе ја раскаже изминатата 2025 година, обединувајќи ги на едно место најпознатите уметници од Македонија, регионот, но и светот.

Светска музичка легенда на македонската сцена

Оваа година, „Бубамара“ ги проширува своите хоризонти со гостувањето на американската вокалистка Марта Хај. Позната како една од највредните жени во шоу-бизнисот, Хај зад себе има респектибилно портфолио, вклучувајќи ја и нејзината 32-годишна соработка со кумот на соулот, Џејмс Браун.

Таа во Скопје доаѓа како „соул-божица“ која настапувала на иконични концерти – од Бостон Гарден во 1968 година, па сè до турнеите со најголемите музички имиња како Арета Френклин, Стиви Вондер, Принс и Мајкл Џексон.

„Со нетрпение чекам да настапам пред публиката на Македонија“, порача Хај пред нејзиниот настап, каде ќе и биде врачено признанието за животно дело.

Погледнете дел од моќниот настап на соул-божицата Марта Хај:

„I Feel Good“ за финале на вечерта

Нејзиниот моќен вокал, кој и денес звучи чудесно мешајќи соул, фанк, блуз и џез, ќе ја воодушеви публиката со култната „I Feel Good“. Се очекува салата „Борис Трајковски“ вечерва да биде место каде сите ќе се чувствуваат добро, славејќи ја креативноста и успесите од изминатата година.

Сподели на:

Слични Написи