Битола е подготвена за Д бест оф Битола

„Д Бест оф Битола“ доаѓа две години по големиот проект Stars Symphony – музичкиот спектакл кој се одржа на градскиот стадион во Битола, траеше седум часа и на кој настапија Паркети, Brass Brothers, Superhiks, Love Itoya, Konstrakta, Schiller, Наде Талевска, Каролина и многу други.
Токму по тој голем проект, кој покажа како изгледа кога современата сцена ќе се спои со оркестарски звук, оваа година приказната продолжува во нов формат како фестивалска вечер во срцето на Битола. Пациото на НУ Завод и Музеј Битола ќе биде претворено во фестивалски простор, со повеќе настапи, различни музички стилови и една заедничка идеја: Битола за Битола.
Рокенрол историја и модерен звук со оркестарски аранжмани
Во рамки на фестивалската програма, публиката ќе има можност да ужива во настапи на Чоканче, Паркети, Brass Brothers, CODE369, Гром и Бранислав Николов од Фолтин, заедно со Оркестар DIVA. Секој од нив носи своја приказна, а неколку од нив имаат посебно значење за урбаниот лик на градот:

„Чоканче“ – Четири децении битолска рокенрол историја: Кога еден бенд трае повеќе од четири децении, тогаш тоа веќе не е само музика, туку карактер и печат на еден град. Од 1983 година до денес, „Чоканче“ се симбол на музичката сцена што не се гради по шаблон, туку од енергија, искреност и бунт. Нивните култни песни како „Буништар“ и „Чоканче“ се белег на генерации, а утре навечер, за првпат, нивните моќни рок звуци ќе прозвучат во поинакво, оркестарско издание.

„CODE369“ – Од локална сцена до препознатлив авторски печат: Формирани во 2020 година како продолжение на долгогодишната приказна на членовите на „Памперси“ (Ирена Димовска, Даниел Митревски и Иле Лулевски), CODE369 носат уникатен спој на рок, поп, фанк и џез елементи. Вокалистката Ирена Димовска веќе има настапувано со оркестарот, а овојпат со целиот бенд и поддршката од Оркестар DIVA, нивните авторски песни ќе добијат нова, уште поголема димензија.
Премиера за Битола: „Industrial Symphony“
Посебен дел од вечерта ќе биде и Industrial Symphony – новиот, несекојдневен и смел проект на Оркестар DIVA, кој за првпат беше претставен оваа година во Скопје. Со својот модерен концепт и поинаков пристап кон симфонискиот звук, оваа изведба ќе биде специјално изненадување за битолската публика.
Фестивалската вечер ќе започне во 21:00 часот, а програмата ќе трае до 01:00 часот по полноќ. По концертните настапи, настанот ќе заврши со DJ set, како финале на една вечер создадена за вистинска битолска атмосфера.

ℹ️ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАСТАНОТ:
- 📍 Локација: Пацио на НУ Завод и Музеј Битола
- 📅 Датум: 08.07.2026 година (среда)
- 🕘 Време: 21:00 – 01:00 часот
- 🎧 Завршница: DJ set по концертите
- 🎫 Влезници: Картите се во ограничен број. Купете ги онлајн на следниот линк: Продажба на влезници или во Тобако Димпо, Битола.

