„Бранот на Аризона“ – геолошко ремек дело старо 190 милиони години

Земјината топка во себе чува голем број на тајни и неразјаснети мистерии кои раскажуваат за нејзиното минато, но и сведочат за совршеноста на нашата планета.
„Бранот на Аризона“ или како што е оригинално наречен „The Wave of Arizona“ е едно од најинтересните таканаречени „чуда“ кои може да се посетат на нашата планета. Оваа карпеста формација од песочник се наоѓа во државата Аризона во САД. Многу голема популарност има меѓу планинарите и фотографите од целиот свет кои на ова место ги создаваат своите најсовршени фотографии. Шарените и брановидни форми едноставно ги воодушевуваат сите посетители.
Направен е од песочник, кој е релативно склон на ерозија од вода и ветер во долги временски периоди. Песочник е седиментна карпа која често го има овој карактеристичен ефект на пруги кога се пресекува, создаден од слоевите наслаги кои станале набиени и зацементирани со текот на времето. На надморска височина од 1.593 метри „Бранот“ се состои од две главни корита за извртување, од кои едното е широко 19 метри и долго 36 метри, а другото е широко 2 метри, а должината е 16 метри. Различните вртливи, пругасти обрасци на „Бранот“ биле произведени од геолошки сили кои ја издлабиле оваа област во ерата Јура пред околу 190 милиони години.

Пругастите бои на седиментните слоеви на Бранот се производи од различни минерали, како што се калциум, манган и железен оксид, кои биле депонирани во текот на милениумите. Поради кревката природа на формацијата, пристапот е ограничен и затоа има посебен систем на лотарија преку кој се извлекуваат среќниците кои добиваат дозвола од Бирото за управување со земјиштето на САД за посета. Максимално се дозволува посета на само 64 лица дневно. Во 2018 година се проценува дека се пријавиле над 200.000 луѓе, но само 7.300 биле наградени и им било дозволено лично да го истражат и посетат „Бранот на Аризона“.

Видео репортажа:
