ВЕЛЕС ЖИВЕЕ ЗА СПОРТОТ: Огромен интерес и рекордна посетеност на „Спортски игри – Велес 2026“

Сподели на:

Велес деновиве дише во ритамот на спортот и младоста! Градот е во центарот на вниманието на целата македонска и регионална јавност благодарение на спортските игри, кои официјално го претворија Велес во вистинска спортска престолнина.

Интересот за настанот годинава е огромен и ги надминува сите досегашни рекорди. Градскиот парк и спортските терени се исполнети до последното место, а се очекува низ нив да поминат над 35.000 посетители.

На терените владее неверојатна енергија и фер-плеј борба. Во текот на шесте фестивалски денови, повеќе од 700 спортисти од дури 11 држави ги одмеруваат своите сили, потврдувајќи го меѓународниот карактер и високиот рејтинг на оваа манифестација.

Натпреварувачите се борат за престиж во повеќе атрактивни спортски дисциплини: 3х3 баскет, тенис, мал фудбал, одбојка на песок…, а има и повеќе ревијално содржини.

Велешките спортски игри станаа вистински бренд, симбол на спортскиот дух на градот и сериозен промотор на Велес како топ дестинација за спортски туризам и младински настани во Македонија.

Спортската приказна во Велес трае до 6 јуни. Доколку сè уште не сте биле дел од овој прекрасен спортски настан , спакувајте ја добрата енергија и насочете се кон Велес – градот кој моментално покажува како се живее и се навива за спортот!

Сподели на:

Слични Написи