| |

Љубовна приказна на Тамара Грујеска спакувана во нова песна со потпис на врвни македонски автори!

Сподели на:

Македонската музичка сцена е побогата за уште едно прекрасно аудио-визуелно парче во изведба на моќниот вокал Тамара Грујеска, кое ветува дека веднаш ќе ги освои срцата на публиката. Станува збор за нејзиниот комплетно нов сингл, кој низ преубави стихови и модерна мелодија носи емотивна приказна за почетокот на една нова, нежна љубов.

Зад овој потенцијален хит стои докажан авторски тим. Музиката и аранжманот се дело на една од нашите најдобри вокалистки и композиторки, Андријана Јаневска, која уште еднаш ја покажа својата маестралност во создавањето емотивни мелодии. Текстот, кој изобилува со силни метафори и романтика, го потпишува хитмејкерот Огнен Неделковски.

„Очи ко цреши две, немир во градите, срце знае сé… Знам танцува душата, сонцето испраќа зрак, ништо исто не е, јагода на усни зрее…“ – се само дел од впечатливите стихови кои веднаш „влегуваат во уво“.

Песната доби и своја филмска визуелизација, благодарение на General Film Studio. Видеозаписот, кој совршено ја следи емоцијата на текстот, е снимен под будното око на Дарио Јанковиќ, додека режијата е на Ана Марија Јанковиќ.

Во продолжение, уживајте во комплетното видео и почувствувајте ги звуците на оваа прекрасна композиција:

Покрај прекрасните кадри, посебен белег на спотот му дава и појавувањето на познатиот модел Нино Стоилковски. За беспрекорниот изглед на протагонистите, шминката и фризурата, се погрижи секогаш професионалната Ели Илијоска.

Ова е дефинитивно освежување за домашниот етер – песна во која совршено се споени љубовта, нежноста и квалитетниот македонски звук.

Текст на песната:

Поглед, шепот, Една твоја насмевка…

Нешто започнува,

Прашувам, сонувам, патувам

Кај што никој не е сам.

Очи ко цреши две,

Немир во градите,

Срце знае сé.

Знам танцува душата,

Сонцето испраќа зрак,

Ништо исто не е,

Јагода на усни зрее.

За љубов ко музика

Може уште рано е,

Но, срце силно бие

Штом сме блиску ние

На час.

Љубов, нежност

Секој човек сонува,

Бара, се надева…

Доаѓаш, зборуваш, чувствуваш

Дека веќе не си сам.

Очи ко цреши две,

Немир во градите,

Срце знае сé.

Сподели на:

Слични Написи