Ставре Јада пред својата трета Олимпијада: „Створен сум за нордиско трчање, во Милано одам по најдобар пласман досега!“

Целата светска спортска јавност со нетрпение го очекува почетокот на Зимските олимписки игри. Спортистите од цел свет се подготвуваат за врвните предизвици, а меѓу оние кои со челичен дух и долгогодишен труд ќе ја претстават Македонија е и Ставре Јада.
За Информација.мк нашиот нашиот репрезентацивец изјави: „Ќе нагласам само дека овој спорт од еден човек бара многу голема жртва и напорни тренинзи, а јас во овие 14 години вложив голем труд. Мислам дека јас сум човек што можеби е створен да трча, а нордиското трчање е токму тој спорт, во кој се пронајдов“.

За Ставре Јада, крушевчанец и репрезентативец во нордиско трчање, ова ќе биде трета Зимска олимпијада, што е голем успех. На последната oлимпијада во Пекинг, трката првично беше закажана за 50 км, но заради екстремниот студ трката ја скратија организаторите на 30 км, а нашиот репрезентативен и покрај тешките услови за трчање, успешно ја помина целата патека и ја премина целната линија.

Во однос на претстојната Зимска олимпијада, Ставре вели: „ Во Милано одам со една единствена јасна цел, да го претставам македонското знаме во најдобро светло. На трката класика, на спринт 1.6 км имам поставена цел да го извозам најбрзо мојот спринт. На 13 февруари најверојатно напладне, ќе почне трката на 10 км, каде имам зацртана цел да го постигнам мојот најдобар пласман од сите мои настапи на Зимските олимпијади досега“
🏠 Планираш престој во Крушево?
Погледнете ги најдостапните апартмани, вили и хотели во Крушево по најниски цени.
👉 Види ги сите понуди во Крушево*Резервацијата е преку Booking.com
На Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во Кортина и Милано во Италија, вкупно четири македонски олимпијци ја исполнија квотата и со голема мотивација ќе настапат во своите дисциплини.

Во нордиско трчање ќе се натпреваруваат Ана Цветановска во женска конкуренција и Ставре Јада кај мажите, и двајцата ќе настапат во спринт и интервал старт трката на 10 километри.
На алпското скијање ќе настапат Јана Атанасовска и Мирко Лазарески, кои ќе се борат за добар резултат во слаломската и велеслаломската трка.
На нашиот Ставре Јада и останатите наши репрезентативци во името на сите Македонци и спортисти им посакуваме големи успеси, ние сме подготвени да навиваме за нив и им благодариме затоа што достоинствено ќе ја претстават нашата држава.
Одбројувањето е при крај. Иако официјалното отворање на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина е закажано за 6 февруари, првите возбудувања на терените започнуваат два дена порано. Игрите ќе траат до 22 февруари 2026 година.
❄️ Уживај на снегот на Попова Шапка!
Резервирајте го вашиот планински престој по најниски цени на Booking.
🏨 Провери слободни соби