🏆 Спортскиот караван пристигнува во Прилеп: „Спортски игри за млади – Плазма“!

Сподели на:

Најголемата спортско-едукативна манифестација за деца и млади во Европа за првпат доаѓа во Прилеп, a градот под Марковите Кули е подготвен да ги пречека младите спортски таленти и да ја прослави важноста на здравиот начин на живот, дружењето и фер-плејот.

📍 Кога и каде?

  • Датум: 3 јуни (среда)
  • Час: 10:00 часот
  • Локација: Плоштад „Методија Андонов – Ченто“, Прилеп
  • Настан: Зонски натпревари од „Спортски игри за млади – Плазма“

⚽ За каква манифестација станува збор?

Оваа најголема младинска спортска манифестација во Европа која веќе 30 години организира спортски натпревари за деца од 6 до 18 години во кои досега учествувале над 3.440.000 учесници. Најдобрите поединци од регионалните натпревари ќе настапат на финалниот државен натпревар, а најуспешните потоа ќе ја претставуваат Македонија на Меѓународната завршница на игрите во Сплит, каде што неколку дена од 17 до 22 август, ќе се дружат и ќе се натпреваруваат со врсниците од земјите што се вклучени во проектот.

Право на учество имаат сите поединци и слободно формирани екипи кои го сакаат спортот и дружењето – натпреварувањето не е резервирано само за активните спортисти!

Спортските игри за млади ќе опфатат натпревари во мал фудбал, одбојка, одбојка на песок, ракомет, кошарка 3х3, тенис, пинг-понг, шах, атлетика и граница.

Сподели на:

Слични Написи