|

КРУШЕВО СЕ ПРИКЛУЧУВА НА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026“. Повик за голема еко-акција!

Сподели на:

Крушево се придружува кон големата еколошка акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026“. Ова е шанса сите граѓани, претставници на бизнис секторот и граѓанските здруженија да бидат дел од најголемата еколошка иницијатива во земјата.

Под мотото „Да се извалкаме и да исчистиме“, заедно ќе придонесеме за поубава и поздрава животна средина, подигнувајќи ја свеста за правилно управување со отпадот.

Детали за настанот:

  • Датум: 11 мај 2026 година (понеделник)
  • Време: 09:00 часот
  • Зборно место: Пред Градскиот парк во Крушево

Оваа акција е симбол на заедништвото и нашата одговорност кон природата. Да покажеме дека Крушево се грижи за својата околина!

Сподели на:

Слични Написи