Заврши првото издание на Вински фестивал Битола

Со третата фестивалска вечер заврши првото издание на „Вински фестивал“ Битола кој се одржа од 7 до 9 мај.
Три дена исполнети со музика, добро вино, дружење и одлична атмосфера. Битола уште еднаш покажа дека е желна за вакви настани и дека знае како да ужива во добрата фестивалска приказна.

Очекувано, последната вечер фестивалот ја достигна својата кулминација благодарение на одличната организација, посетеност и секако настапите на Љубојна и Паркети, кои ја загреаја атмосферата пред Офицерски дом – КИЦ Битола. Голем број посетители го искористија убавото време и уживаа во музиката, виното и фестивалската енергија.

Посетителите, учесниците и поддржувачите што беа дел од ова прво фестивалско издание всушност беа дел од создавањето на нив фестивал кој судејќи според успехот напрвото издание во следните години ќе прерасне во уште еден прекрасен културен симбол на градот под Тумбе Кафе.
📸 Фотографии: Сашо Ставрев





