Историски успех за македонскиот туризам: „Konak Hilltop Lodge & Villa“ влезе во престижниот Good Travel Guide за 2026 година

Македонскиот туризам бележи значаен меѓународен успех. Konak Hilltop Lodge & Villa, во тесна соработка со Sky Macedonia, официјално стана дел од светски реномираниот Good Travel Guide за 2026 година. Ова признание доаѓа по исцрпен процес на евалуација и ревизија од страна на меѓународната организација Green Destinations, каде вилата постигна импресивен резултат од 100% на GTE скенирањето.

„Fly Green“: Првата одржлива параглајдинг авантура
Успехот се должи на иновативната понуда наречена „Fly Green“, која е прва од ваков вид во земјава. Оваа тура претставува совршен спој на адреналин, култура и грижа за природата, а вклучува:
- Еко-сместување: Престој во сертифицирани објекти кои ги исполнуваат највисоките стандарди за одржливост.
- Едукативна прошетка: Пешачење до параглајдинг стартот со запознавање на уникатната природа и историското значење на Крушево.
- Локална гастрономија: Оброци во сертифицирани „Eco Friendly“ ресторани кои послужуваат автентични македонски специјалитети.
- Тандем лет со приказна: Лет над Крушево со сертифицирани пилоти кои во текот на авантурата го презентираат културното наследство на градот.
Скенирајте го QR код од Fly Green и дознајте повеќе:

Крушево како лидер во зелениот туризам
Со овој влез во Good Travel Guide of Experiences, Крушево се етаблира како водечка „зелена“ дестинација во регионот. Проектот е реализиран со огромна поддршка од локалните соработници, општината и бројни партнери меѓи кои и IME (Increasing Market Employability).
Овој успех не е само за вилата, туку и за сите „зелени“ бизниси во градот под Бушева Планина кои заеднички работат на визијата за развој на еколошки чисто, односно таканаречено „Зелено“ Крушево.
„Ние сме пионерите на одржливиот туризам во Македонија. Иднината започнува со одговорна промоција на нашите природни и културни богатства,“ порачуваат од тимот на Konak Hilltop.
Ова меѓународно признание е доказ дека со вистинските експерти и јасна визија, македонскиот туристички производ може да стои рамо до рамо со најдобрите светски искуства.
Тимот на @informacija продолжува со својата мисија да соработува со најдобрите сместувачки и угостителски капацитети во земјата, кои поставуваат нови стандарди во туризмот. Меѓу нашите клучни партнери е и Konak Hilltop Lodge & Villa, како лидер во одржливиот туризам.
Сите заинтересирани кои сакаат да дознаат повеќе за ова уникатно сместување, да ги разгледаат достапните капацитети или да направат директна резервација за својот следен престој во Крушево, можат да го сторат тоа на следниот линк:
