Солза и смеа доаѓаат во Охрид со најновата премиера

Охриѓани ќе се смеат на секои 5 секунди! “Солза и смеа” доаѓаат во Охрид со најновото комично шоу, кое ПРЕМИЕРНО ќе биде изведено во овој град. Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија – со нивната најнова урнебесна комедија, каде ги полнат салите до последното место! Во Охрид доаѓаат во ВТОРНИК на 18.11.2025 година, а комичното шоу е закажано за во 20:00 часот во НУЦК – Григор Прличев, сала која исто како лани, ќе биде претесна за да ги собере сите охриѓани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови.Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија.Поилети може да си резервирате 24/7 на тел. 077/ 867-169.
