|

ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНИЈА: Македонскиот тим освои второ место на Европското првенство во параглајдинг!

Сподели на:
Screenshot

Заврши Европското првенство во параглајдинг, каде што македонската репрезентација оствари историски и најголем успех досега. Во исклучително силна конкуренција, македонскиот тим се закити со сребрениот медал и го освои второто место! Сребрениот медал на Македонија и го донесоа: прилепчанецот Мартин Јованоски, Дарко Станковски. Ана Бергер и Ѓорѓи Ристовски.

Првото место и златниот медал им припаднаа на репрезентацијата на Словенија, додека третото место го зазеде тимот на Шпанија.

Голем успех и во женска конкуренција!

Ана Бергер како претставник на Македонија го освои првото место, Елиса од Германија е второпласирана, а бронзениот медал и припадна на Силвиа Ванда од Италија. Европското првенство во параглајдинг се одржа по 18-ти пат, во периодот од 8 до 19 август, а на него учествуваа 130 пилоти од 38 земји.

Сподели на:

Слични Написи