|

Тајната на карпите: Како Македонците го читале небото пред 4.000 години

Сподели на:

Заборавете на Стоунхенџ! Во срцето на Македонија, близу селото Кокино, се крие едно од најстарите астрономски наоѓалишта во светот. Кокино не е само уште едно камено место – тоа е всушност праисториска опсерваторија, стара над 3.800 години, каде што нашите предци го читале небото како отворена книга.

Научниците ја рангираат Кокино на четвртото место на листата на најстари опсерватории на светот, веднаш зад египетската Абу Симбел, битанскиот Стоунхенџ и Ангкор Ват во Камбоџа. Одредени камени маркери на локалитетот прецизно ги покажуваат позициите на изгревот на Сонцето и Месечината за време на краткоденицата и рамноденицата. Тоа значи дека луѓето од бронзеното доба, илјадници години пред да се измислат телескопите, веќе имале импресивно познавање на небесните тела.

Опсерваторијата Кокино е откриена во 2001 год. од страна на македонски и бугарски археолози, а веќе во следната 2002 год. започнаа истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово. Опсерваторијата е на оддалеченост од околу 75 километри од Скопје, односно 35 километри од Куманово, на надморска висина од 1 030 метри.

Кога ќе го посетите Кокино, ќе почувствувате неверојатна енергија и ќе сфатите колку напреден бил животот на луѓето од тоа време. Локацијата нуди и прекрасен панорамски поглед на околината, што ја прави идеална дестинација за сите љубители на историјата, науката и природата.

Следниот пат кога планирате патување, размислете за посета на ова уникатно место. Дојдете и доживејте го ова извонредно патување низ времето и науката. Запознајте ја вашата земја, откријте ги убавините на Македонија!

Сподели на:

Слични Написи