Мелбурн прогласен за најдобар град во светот за 2026 година според „Time Out“

Британското списание „Time Out“ ја објави својата престижна листа на 50-те најдобри градови во светот за 2026 година, а на самиот врв се зацврсти австралиската метропола Мелбурн. Градот ги освои симпатиите благодарение на својата ненадмината гастрономска понуда, богатата култура и динамичната уметничка сцена. Вo 1835 година градот Мелбурн е основан во долниот тек на реката Јара, чија должина изнесува 242 километри и тече низ источно-центарална Викторија во Австралија. Мелбурн успешно ги спојува историското наследство и модерното живеење.
Како се бираше победникот? Рангирањето се заснова на обемна анкета во која учествуваа околу 24.000 луѓе од 42 јазични подрачја. Градовите беа оценувани според 44 различни критериуми, вклучувајќи ги:
- Квалитетот на храната и ноќниот живот;
- Културните содржини и атмосферата;
- Пристапноста на цените и општото чувство на среќа кај жителите.

Зошто токму Мелбурн?
Културен метеж: Од уличната уметност во Хозиер Лејн до светските галерии и музеи, Мелбурн нуди визуелно задоволство на секој чекор. Тоа е град кој ве кани да го истражите пеш, откривајќи ја неговата „европска“ душа среде Австралија.
Гастрономска престолнина: Жителите се со право горди на својот град — неверојатни 94% од локалното население ја оцени кулинарската сцена како врвна. Изобилува со реномирани ресторани и уникатни специјалитети кои нема да ги најдете никаде на друго место. За туристите, ова значи прошетка низ скриените сокачиња преполни со мирис на свежо печено кафе (Мелбурн важи за светска престолнина на кафето).
Реката Јара како центар на забавата: Покрај нејзиното културно значење за домородните заедници, реката денес е опкружена со шеталишта, пловечки барови и паркови. Туристите можат да уживаат во крстарење при зајдисонце, набљудувајќи го спојот на заштитените историски згради и стаклените облакодери кои се огледуваат во водата.

Топ 10 градови за 2026 година:
1.Мелбурн
2.Шангај
3.Единбург
4.Лондон
5.Њујорк
6.Кејптаун
7.Мексико Сити
8.Бангкок
9.Сеул
10.Токио
