Кој се смее, зло не мисли

Сподели на:

Виц број 1:

После свадбата разговараат младоженците:

– Драги, јас уште не можам да се ослободам од некои мои стари навики.

– Штом е така срце мое, продолжи да си бараш пари од татко ти.

Виц број 2:

– Љупче, што е тоа љубов, а?

– Уф, Ленче, како да ти кажам. Тоа е кога ги затвораш очите и не ги гледаш сите негови маани, а кога ќе ги отвориш….оп, две деца…

Виц број 3:

Марија се пораѓа во болница, вика од болки и му ја стега раката на нејзиниот маж. Тој ја гледа цело време, гледа колку се мачи и загрижено вели:
– Жено моја, љубов моја, срце мое, многу ми е жал што мора сето ова да го трпиш!
Кога го слушна Марија му рече:
– Ич не се секирај, не си ти крив!

Сподели на:

Слични Написи