Вицови за мачки
Се решил Марко да се ослободи од мачката, па ја ставил в кола и ја однел на другиот крај од градот, Но, се разбира, мачката веднаш сама си се вратила дома.
Другиот ден ја однел мачката надвор од градот, но таа пак го нашла патот и се вратила.
Марко се изнервирал многу, па ја зел мачката и ја однел далеку во шумата и само ја исфрлил од колата. Арно ама, тој сега не можел никако да го најде патот за да се врати назад. Со часови се вртел во круг и не можел да го најде патот за назад.
Кога сфатил дека никако не може да се снајде, го зел мобилниот и заѕвонил кај жена му:
– Жено, дали мачката се врати дома?
– Да, тука е од пред пола саат.
– Дај ми ја малку на телефон, да ја прашам нешто.

Три мачки си прават муабет:
Првата: Јас ќе имам сијамски мачиња!
Втората: Јас ќе имам персиски мачиња!
Трета: Јас не знам какви мачиња ќе имам. Главата ми беше во конзерва!
—
Нашиот другар Андреј ја сретна комшивката како плаче затоа што и избегал канаринецот, Ја прашал каде избегал, а таа му кажала дека избегал на покривот. Андреј веднаш се качил на покривот и за неколку минути се вратил, ама со мачка во рацете. Комшивката веднаш му рекла:
– Андреј, ова не е мојот канаринец. Ова е мачка.
– Точно е, ама внатре во мачката е твојот канаринец.
—
– Зошто мачките ги мразат лаптопите?
– Затоа што немаат глувче.
—
Ѕвони телефонот во полиција и се јавува дежурниот полицаец:
– Добар ден, повелете.
– Помагајте брзо, ми влезе мачка дома.
– Пополека госпоѓо, тоа не е ништо страшно.
– Како не е страшно, јас не сум госпоѓа, јас сум папагал.
—
Учителката го прашува Ивица:
– Ако ти дадам 3 мачки и уште 3 и уште 3. Колку мачки ќе имаш?
– 10.
-Згреши! Ајде повторно. Ако ти дадам 3 мачки и уште 3 и уште 3. Колку мачки ќе имаш?
– 10.
– Пак згреши. Ајде ќе пробаме поинаку. Ако ти дадам 3 круши и уште 3 и уште 3. Колку круши ќе имаш?
– 9.
– Точно. Ајде сега пак. Ако ти дадам 3 мачки и уште 3 и уште 3. Колку мачки ќе имаш?
-10. – повторно одговори Ивица.
И тогаш учителката му вели: „Од каде 10 мачки?“
– Наставничке, па јас си имам и една мачка кај мене дома.
