5 Совети за подобро здравје

1. Пешачи!
Обиди се да најдеш слободно време и пешачи секој ден најмалку по половина час. Брзото одење го подобрува кардиоваскуларниот систем и ги зајакнува коските. Редовното пешачење е една од најдобрите навики кои може да ги има еден човек за да биде здрав.

2. Биди позитивен, биди оптимист!
Оние луѓе кои често и во најмала ситница бараат негативно нешто и причина за да не бидат добро расположени, имаат поголеми здравствени проблеми. Затоа, немој и ти да бидеш во таа група! Секогаш биди позитивен! Пробај да ги смениш и негативните луѓе кои секој ден сѐ околу тебе, а ако не успееш да ги смениш тогаш бегај што подалеку од нив, затоа што ќе продолжат секојдневно да ти ја пренесуваат нивната негативна енергија. За да се чувствуваш подобро, да бидеш посреќен и за да имаш поздрав и подолг живот, биди позитивен, биди оптимист.

3. Внимавај што јадеш!
Јади повеќе храна богата со растителни влакна. Во овој вид на храна спаѓаат овошјето, зеленчукот, житарките, гравот…Овие производи имаат растителни влакна и помагаат во намалувањето на таканаречениот „лош“ холестерол и имаат позитивно влијание врз сите функции во нашиот организам. Овошјето е богат извор на антиоксиданти кои спречуваат кардиоваскуларни заболувања, карцином и повеќе други болести. Најмногу антиоксиданти има во: јаготките, малинките, капинките, боровинките, сливите, портокалите и црешите.

4. Пиј повеќе вода!
Здравствените работници препорачуваат еден човек секојдневно да пие по најмалку 2 литри вода. Дури има препораки дека треба да се пие и поголемо количество, односно се препорачува следниов сооднос: на секои 25 кг тежина да се пие по 1 литар вода. Според ова, човек кој има 75 кг тежина секој ден треба да пие по 3 литри чиста вода.

5. Не се преокупирај со измислени грижи и проблеми, подобри ги врските со другите.
За да бидеме здрави, многу е важно и нашето ментално здравје. Затоа не посветувај големо внимание на проблемите кои не заслужуваат преголемо внимание. Нервозите и грижите штетно влијаат врз твоето здравје, затоа намали ги колку што можеш. Ако си се скарал со некоја блиска личност најди начин да ѝ простиш или пак ако е потребно извини се и признај ја твојата грешка. Самиот чин на помирување ќе ја намали напнатоста која што ја чувствуваш и преку простувањето всушност ќе го подобриш и вашето здравје.
